Новости
Пониква е дестинација која постојано се развива, со нови содржини на скијачките терени, редовни спортски настани и подобрен пристап до планината. Овде ги собираме најважните вести од локалните и националните медиуми, со линк до целосниот текст на изворната страница.
Имате вест или настан од Пониква што вреди да се сподели? Пишете ни
kanal8.mk Нова скијачка лента на Патека 1
Монтажата на новата скијачка лента покрај Патека 1 е завршена и лентата е во функција. Таа е наменета за почетници и семејства со мали деца, кои сега полесно ќе ги направат своите први скијачки чекори.
radiokocani.mk Скијачката лента пристигна на Пониква
Концесионерот Ski Nadja ја донесе новата скијачка лента на Пониква и ги започна подготовките на теренот за нејзино поставување пред претстојната зимска сезона.
komarec.com.mk Првиот снег за оваа есен
Пониква го пречека првиот снег уште во средината на октомври. Снежната покривка беше тенка, но најави долгоочекуван почеток на зимата на планината.
komarec.com.mk Натпревар во скијање на ролки
Пониква беше домаќин на натпревар во нордиско скијање на ролки, во организација поддржана од Ski Nadja, кој ги спои спортот, дружењето и адреналинот на планината.
komarec.com.mk Уредување на патот Кочани - Пониква
Општина Кочани, КЈП Водовод и ЈП Македонијапат заеднички го чистат и уредуваат патниот правец до Пониква, со отстранување на вегетација, отпад и наноси од коловозот.
kocani.gov.mk Меморијален марш „Стамен Каровски“ до Панаѓур
ПСК „Осогово“ во недела, 23 август, го организира четвртиот меморијален планинарски марш до врвот Панаѓур (1669 м), по кружна патека од 9 км низ букова шума, со поглед кон Рила и Пирин.
kanal8.mk Започна уредувањето на Патека 3
Со земјените работи на Патека 3 се добива поблаг долен дел за деца и почетници, со што се растоварува Патека 1 и се создаваат подобри услови за поквалитетна ски-сезона.
arhiva.kocani.gov.mk Автомобилско шоу на Пониква
Љубители на автомобилизмот од Кочани организираа изложба на околу 200 спортски возила, олдтајмери и модифицирани проекти од Македонија и Србија на локалитетот Аеродром, а најуспешните модели беа наградени.
arhiva.kocani.gov.mk Меморијален марш „Ивона Антова и 63 ангели“
Повеќе од илјада планинари од Македонија, Србија и Бугарија, во тишина и со почит, се искачија по Патеката на ангелите до врвот Панаѓур. Маршот ќе се одржува секоја година.
komarec.com.mk Ноќно скијање: Ноќна зимска авантура
Во среда, 4 март, од 18 до 21 часот, Патека 3 се осветлува за ноќно скијање под мотото Ноќна зимска авантура. Дневниот билет изнесува 600 денари.
komarec.com.mk Ноќно скијање на Патека 3
Во среда, 25 февруари, од 17 до 20 часот, ноќно скијање на Патека 3, која новиот концесионер Ski Nadja ја подготви во одлична состојба.
kajak.mk Пониква доби нов концесионер
Ski Nadja стана концесионер на ски-центарот Пониква за наредните 10 години, со две ски-патеки, два лифта и цел за развој на зимскиот туризам на Осогово.