Зимски спортови

Пониква е еден од најпознатите зимски центри во источна Македонија, со уредени скијачки терени погодни и за почетници и за искусни скијачи. Изнајмувањето опрема и часовите со искусни инструктори се достапни директно на теренот, што ја прави идеална дестинација и за семеен зимски викенд.

Повремено се организираат и ноќни скијања. Следете ја Facebook страницата на Ski Nadja за најнови информации и настани.

Скијачките терени и лифтовите ги управува Ski Nadja.

Итна помош во планина

Бесплатен број, достапен 24/7.

112

Патека 1

Одлична за деца

Патека 1 е погодна за почетници и семејства со деца, со благ наклон и широко скијалиште. Патеката се протега преку отвореното плато на Пониква, со прекрасен поглед кон околните ридови.

Ниво
Почетно
Погодна за
Скијање
Сноуборд
Санкање
Должина
200 м

Патека 3

Со својот стрмен и прав профил, Патека 3 е вистински предизвик за искусните скијачи. Брзото и динамично спуштање ја прави одличен избор за сите кои бараат повеќе адреналин на снегот.

Ниво
Напредно
Погодна за
Скијање
Сноуборд
Должина
700 м

Изнајмување опрема и инструктори

Ски Школа Каспер
Ски Школа Каспер
078 325 102 - Проф. Никола 077 580 404 - Проф. Станкица
Ski Nadja
Ski Nadja
078 667 738

Нудите слична услуга на Пониква?

Контактирајте нè